Достапни линкови

Втор уапсен за нападот пред Бакингамската Палата


Полицаец стои во кордон по апсењето на човекот со нож пред Бакингамската Палата. 25.08.2017

Британската полиција соопшти дека направиле второ апсење во врска со нападот врз тројца полицајци од страна на маж вооружан со меч пред Бакингамската Палата во Лондон.

30-годишниот човек е уапсен во западен Лондон под сомненија дека бил „вклучен во подготвување и поттикнување тероризам“, соопшти денеска полицијата.

Човекот на 25 август со кола се приближи до полицијата во близина на официјалната резиденција на кралицата во Лондон и беше задржан од тројца полицајци кои се здобија со полесни повреди. 26-годишниот кој беше уапсени на местото на настанот останува во притвор до 1 септември.

XS
SM
MD
LG