Достапни линкови

Партиски препукувања за работата на градинките


Детска градинка во Охрид.

Опозициката партија ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштение на владејачката СДСМ наведува дека воведувањето втора смена во градинките може да создаде хаос во нивното работење.

СДСМ претходно соопшти дека од 1 септември градинките ќе почнат со двосменско работење во пресрет на потребите на семејствата и родителите. Од партијата информираат дека до крајот на годинава треба да заврши изградба и опремување на 13 детски градинки и оти се потпишани договори за обнова на градинката „8-ми април“ во Шуто Оризари и Пионерскиот дом во Куманово кој ќе биде пренаменет за детска градинка.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за реазлизација на оваа мерка е потребно и зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градиники, а тоа не било предвидено во ребаланот на Буџетот за 2017 година донесен од актуелната Влада.

Од СДСМ најавуваат и други мерки за, како што велат, унапредување на социјалната заштита и подобрување на животот на сите категории граѓани. ВМРО-ДПМНЕ вели дека Владата нема капацитет ниту концепт за спроведување реформи.

XS
SM
MD
LG