Достапни линкови

Франција вети помош за реконструкција на Ирак


Архива - Франсцускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Франција соопшти дека ќе помогне во напорите за реконструкција и помирување во Ирак, откако земјата разурната од војна се обидува да ја финализира победата против милитантната група Исламска држава (ИД), која уништи голем дел од земјата.

Франсцускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на прес-конференција за време на посетата во Багдад изјави: „ние сме присутни во војната и ќе бидеме присутни во мирот.“

Франција игра главна улога во коалицијата предводена од САД, помагајќи и на ирачката влада да се бори против екстремистите на ИД кои заземаа широки делови од териториите на Ирак и Сирија во 2014 година и прогласија исламски „калифат“ во областите кои ги контролираат.

Воздушните напади на коалицијата им помогнаа на ирачките сили во победата против ИД во градот Мосул по деветмесечна борба. Посетата на Ле Дриан дојде откако извештаите покажаа дека ирачките сили го освоиле центарот на градот Тал Афар.

XS
SM
MD
LG