Достапни линкови

Саакашвили - Грузија ќе ме обвини за планирање државен удар


Михаил Саакашвили.

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој исто така е поранешен гувернер на украинскиот регион Одеса, тврди дека властите на Грузија и Украина планираат да го обвинат за планирање државен удар во Грузија.

Саакашвили вчера напиша на Фејсбук дека грузиските власти во целосна координација со украинските власти наскоро планираат да го обвинат. Тој рече дека обвиненијата на украинските власти ќе им дадат легална основа за негово апсење доколку влезе во Украина. Тој додаде дека обвиненијата биле смешни и политички мотивирани.

Претходно истиот ден и шефот на грузиската телевизија „Рустави 2“ Ника Гварамија изјави дека верува дека може да бидат поднесени обвиненија против Саакашвили за планирање државен удар.

XS
SM
MD
LG