Достапни линкови

Специјалниот претставник на САД Вокер - Украина не е подготвена за НАТО


Специјалниот претставник на САД во Украина Курт Вокер.

Курт Вокер, специјалниот претставник на САД во напорите за ставење крај на конфликтот во Украина, вели дека земјата не е подготвена да се приклучи во НАТО и оти не е близу за добивање на покана за членство. Вокер доцна синоќа изјави дека подготовките за пристапување во западната безбедносна алијанса ќе траат долго, иако смета дека земјата ќе може да ги спроведе сите реформи, вклучително и облоста на бебедноста потребна за влез во НАТО.

Тој потенцираше дека секоја конечна одлука за членство зависи од Украина и од САД и Русија и дека сите други страни тоа треба да го почитуваат. Вокер ја поздрави одлуката на Киев од 1994 година за напуштање на нуклеарното оружје, велејќи оти не смета дека нуклеарното оружје е позитивно за Украина.

XS
SM
MD
LG