Достапни линкови

Ураганот Харви - Најсилна бура во САД по повеќе од деценија


Ураганот Харви во градот Корпус Кристи.

Најмоќната бура во повеќе од една деценија ги погоди САД доцна синоќа во државата Тексас. Пред да удри, статусот на ураганот Харви беше надграден на втората најдеструктивна категорија урагани – категорија 4 со ветрови над 210 километри на час и бранови во океанот повисоки од четри метри.

Бурата помина на 50 километри од Корпус Кристи, град со 320 илјади жители и ја прекина струјата во некои домови и во околните градови. Националниот центар за урагани соопшти дека ураганот може да создаде поплави кои се опасни по живот во околината на градот Хјустон, четвртиот најголем град во САД.

Бизнисите беа затворени, а жителите беа насочени кон брегот на Тексас, откако властите повикаа да се евакуираат во пресрет на ураганот Харви, а нафтените компании го евакуираа персоналот од платфотмите во Мексиканскиот Залив. Нафтените рафинерии во Тексас исто така престанаа со работа во подготовките за невремето. Запирањето на операциите предизвика зголемување на цените на нафтата.

XS
SM
MD
LG