Достапни линкови

Турската опозиција го отвори „Конгресот на правдата“


Архива - Собир на поддржувачи на претседателот на секуларната Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу.

Главната опозициска партија во Турција го отвори „Конгресот за правда“ за кој треба да истакне наводни неправди под водството на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Претседателот на секуларната Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу им се обрати на илјадници луѓе кои денеска беа собрани на отворено во северозападната провинција Чанаккале.

„Осумдесет милиони луѓе се жедни за правда“, рече Киличдароглу пред толпата мислејќи на бројот на жителите во Турција. Четиридневниот конгрес има за цел да создаде импулс да го предизвика Ердоган во пресрет на изборите во 2019 година.

XS
SM
MD
LG