Достапни линкови

Истрага за тероризам на белгиските обвинители по нападот со нож


Архивска фотографија - Брисел.

Белгиските обвинители отворија истрага за „обид за терористичко убиство“, откако еден човек наводно нападнал двајца војници со нож во Брисел. 30-годишниот осомничен на 25 август бил застрелан два пати и бил пренесен во болница во критична состојба, а подоцна починал од повредите, сооппшти канцеларијата на сојузниот обвинител.

Канцеларијата на обвинителот денеска соопшти дека човекот и бил познат на полицијата за обвиненија за напади, но не извршил прекршоци поврзани со тероризам. Осомничениот бил белгиски државјанин со сомалиско потекло.

XS
SM
MD
LG