Достапни линкови

Хан - Регионална економска зона ќе поттикне економски раст


Архива - Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Клучен приоритет за земјите од регионот е создавањето регионална економска зона која ќе го поттикне економскиот раст и ќе создаде нови работни места, изјави денеска еврокомесарот за соседна политика и проширување Јоханес Хан на неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан што се одржува во Драч.

Хан истакна дека регионалната економска интеграција не е и не треба да се гледа како алтернатива за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ, туку како корисно дополнување во интерес на сите.

XS
SM
MD
LG