Достапни линкови

Ирачките сили заземаа 70 отсто од градот Тал Афар


Ирачките сили за време на борбите против ИД во Тал Афар.

Министерот за надворешни работи на Ирак Ибрахим ал-Џафари денеска изјави дека владините сили заземале 70 проценти од градот Тал Афар, кој е упориште на милитантите на групата на Исламската држава (ИД) во северозападниот дел на Ирак. Џафари наведе дека преостанатиот дел наскоро ќе биде ослободен.

Командантот кој ја предводеше офанизвата во Тал Афар, генерал Абдуламир Јаралах, рече дека владините трупи го заземале центарот на градот.

Ирачките сили поддржани од меѓународната коалиција предводена од САД, минатиот месец го ослободина градот Мосул од милитантите на ИД, по девет месеци борба. Офанзивата за ослободување на Тал Афар ја почнаа на 20 август.

XS
SM
MD
LG