Достапни линкови

САД ги повикаа ОН да побараат пристап во ирански воени бази


Архива - Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли.

Амбасадорката на САД во Обединетите Нации Ники Хејли го повика нуклеарниот набљудувач на ОН да побара пристап до иранските нуклеарни бази, за да се осигура дека не сокриваат активности забранети според нуклеарниот договор од 2015 година.

„Имам доверба во Меѓународната агенција за атомска енергија, но тие имаат работа со земја која има јасна историја на лажење и извршување на тајни нуклеарни програми“, рече Хејли на прес-конференција во Њујорк.

Агенцијата за набљудување на ОН пред 2009 година заклучи дека Иран тајно спроведува истражување на нуклеарна боева глава на локација во воена база. Иран го негира таквото обвинување.

XS
SM
MD
LG