Достапни линкови

Се урна хеликоптер на Армијата на САД во Јемен


Илустрација - Хеликоптери „Блек хок“.

Армијата на САД соопшти дека хеликоптер „Блек Хок“ денеска се урнал покрај брегот на Јемен за време на тренинг мисија. Централната команда на САД во соопштението наведува дека пет членови на службата биле спасени по уривањето, кое се случило на околу 30 километри од јужниот брег на Јемен, додека во тек е пребарување по еден член.

Армијата на САД на наведе кои се причините за несреќата. САД спроведуваат воздушни напади против Ал-Каеда во Јемен.

XS
SM
MD
LG