Достапни линкови

Премиерите од Западен Балкан на средба во Драч


Архива - Премиерот Заев на Самитот за Западен Балкан во Трст.

Претседателите на влади на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот премиер Зоран Заев, денеска во Драч, Албанија, ќе одржат неформална средба посветена на регионалната интеграција.

На средбата на која домаќин е албанскиот премиер Еди Рама ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан.

На маргините на нефорамлниот состанок се очекува средба на Заев и српската премиерка Брнабиќ, која на мекедонсиот премиер треба да му ја пренесе поканата за одржување на заедничка седница на владите на двете земји.

Покрај премиерите на земјите од регионот, на состанокот ќе учествуваат и комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан и претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер. Од ЕУ очекуваат во фокусот на средбата да биде јакнењето на имплементацијата на обврските преземени за време на Самитот на ЕУ – Западен Балкан кој се одржа во јули годинава во Трст.

XS
SM
MD
LG