Достапни линкови

Најмалку 20 загинати во напад на шиитска џамија во Кабул


Авганистан-мажи го расчистуваат патот за да помине брзата помош по нападот на џамијата, 25.08.2017

Висок функционер од авганистанското министерство за здравство соопшти дека најмалку 20 луѓе се убиени во нападот на шиитската џамија во главниот град Кабул, за кој одговорна се смета екстремистичката група Исламска држава. Шефот на болницата во Кабул Мохамед Салим Расули рече дека 50 други, меѓу кои и деца, се повредени во денешниот напад. Полицијата соопшти дека двајца бомбаши самоубијци се разнеле на влезот на џамијата, додека двајца други упаднале во зградата. Нападот се случил за време на петочната молитва на верниците, а меѓу загинатите има и двајца полицајци.

XS
SM
MD
LG