Достапни линкови

Македонски државјанин осуден за навреда на Ердоган


Основен суд Скопје 1

Основниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А., кој има македонско и турско државјанство кој преку својот профил на социјална мрежау патил навреди на сметка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јави турската агенција Анадолија.

Во одлуката, како што пишува агенцијата, се наведува дека обвинетиот во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“.

Лицето Е.А. е осудено на парична казна од 24.600 денари, кои доколку не ги плати, ќе биде мора да одлежи затворска казна. Од Кривичниот суд велат дека пресудата се уште не е правосилна.

XS
SM
MD
LG