Достапни линкови

Иванов со нетпрение ја очекува истрагата за Живаљевиќ


Архивска фотографија- претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија го поздравува интересот на јавното обвинителство и смета дека е тоа прав начин да се утврдат фактите и вистината, затоа што деновиве во јавноста се присутни лажни вести и лажни информации, реагираат од кабинетот на шефот на државата Ѓорге Иванов.

Оваа реакција следува откако обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата за инцидентите на 27 април во Собранието, за дел медиуми рече дека обвинителството за организиран криминал и корупција не ја исклучува можноста да се испитува вмешаноста на претседателот Иванов, советникот за безбедност во неговиот кабинет Синиша Алексовски и на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во крвавите настани во парламентот.

„Со нетрпение очекуваме одговор од обвинителството за улогата на г. Живаљевиќ во настаните во Собранието. Јавноста треба да знае кој го пратил, што превземал, со кого бил и дали имал одобрение од надлежен државен орган за влез во Собранието на критичниот ден“ се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Во него уште еднаш ги повторуваат претходно искажаните ставови дека кабинетот не е надлежен орган за известување и одобрување на влез во Собранието и дополнуваат дека не се "дежурна служба за давање алиби".

„Македонските граѓани имаат право да ја знаат вистината.Со овој став и претходно кажаното за нас случајот е затворен и ќе го чекаме резултатот од јавното обвинителство“ пишува во соопштението.

XS
SM
MD
LG