Достапни линкови

Прекршување на примирјето во источна Украина


Проруски бунтовник во источна Украина.

Украинската војска и проруските бунтовници упатија меѓусебни обвинувања за прекршување на примирјето кое на полноќ стапи на сила, една недела пред почетокот на новата школска година. Украинското министерство за одбрана соопшти дека првиот прекин на огнот бил забележан веднаш по стапувањето на сила на примирјето коа сепаратистите извршиле напад врз едно село во Доњецк.

Според министерството, оружените сили не провоцирале ниту возвратиле на нападот. Сепаратистите од Доњецк соопштија дека еден од нивните борци загинал од куршум на украински снајперист.

XS
SM
MD
LG