Достапни линкови

Вардар во група со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг


Фенербахче - Вардар Евро Лига во Истанбул

Македонскиот шампион, екипата на Вардар денеска на ждрепката во Монако за групната фаза од Лигата на Европа за противници ги доби екипите на Зенит (Русија), Реал Сосиедад (Шпанија) и Розенборг (Норвешка). Вардар ќе настапува во групата „Л“.

Фудбалерите на Вардар постигнаа историски успех откако синоќаво реванш баражот на стадионот „Шукру Сарачоглу“во Истанбул го победија турскиот тим Фенербахче со 2:1. Вардар претходно во Скопје го совлада Фенербахче со 2:0, и со вкупни 4:1 избори место меѓу 48 екипи што ќе играат во 12 групи од Лига Европа.

XS
SM
MD
LG