Достапни линкови

Притворени 10 демонстранти во Грузија


Припадници на грузиските безбедносни сили.

Грузиската полиција сооопшти денеска дека притворила десет учесници на протестите пред седиштето на железницата во Тбилиси по куса тепачка. Според полицијата, тие се соочуваат со обвиненија за отпор кон безбедносните сили и хулиганизам. До тепачката дошло кога дел од демонстрантите со сила се обиделе да влезат во канцелариите на железницата.

Демонстрантите од кои некои штрајкуваа со глад со денови соопштија дека раководството се заканило дека ќе отпушти двајца работници на железницата како одговор на нивното барање за компензација на трошоците откако биле преместени на друго работно место на подалечна локација.

XS
SM
MD
LG