Достапни линкови

Нападната шиитска џамија во Авганистан


Самоубиствен напад во Авганистан на 23 август, годинава.

Вооружена група извршила напад на шиитска џамија во главниот град на Авганистан, Кабул. Сведоци соопштија дека се случила експлозија проследена со огнено оружје. Се уште нема информации за жртви и никој не презема одговорност за нападот. Од 1 август најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 60 беа повредени во самоубиствени бомбашки напади чија цел беа шиитски џамии во западниот град Херат. Милитантната група Исламска држава презема одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG