Достапни линкови

Столтенберг бара транспарентност од Русија за воените вежби


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Москва да ги исполни меѓународните обврски за целосна транспарентност во воените вежби планирани за наредниот месец во Белорусија и западна Русија. Тој за време на прес-конференцијата во Варшава порача дека ќе ја следат земјата одблиску. Вежбите меѓу војската на Русија и Белорусија ќе се одржат од 14 до 20 септември. Според Столтенберг, сите земји имаат право да спроведуваат вежби на нивните оружени сили, но исто така тие да ја почитуваат обврската да бидат транспарентни.

XS
SM
MD
LG