Достапни линкови

Осуден наследникот на Самсунг на 5 години затвор


Ли Џае Јонг.

Судот во Јужна Кореја го осуди наследникот на Самсунг, милијардерот Ли Џае Јонг на 5 години затвор за корупција. Јонг, кој ги негираше обвинувањата за мито, проневера и криење на имот во странство се соочуваше со казна затвор до 12 години. Неговите адвокати најавија жалба за пресудата.

Наследникот на една од најголемите компании за мобилни телефони беше во притвор од февруари по скандалот кој резултираше со импичмент на поранешниот претседател Парк Геун Хие.Тој беше обвинет дека доделил донации од 36 милиони долари на невладини организации кои биле во сопственост на пријател на Хие во замена за политички услуги.

XS
SM
MD
LG