Достапни линкови

Павлопулос: Грција мора да го штити Кипар


грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грција мора да го штити Кипар и неговиот суверенитет, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, наведувајќи дека тоа е и поради фактот што Кипер е членка на Европската унија. „Намалувањето на кипарскиот суверенитет, значи и намалување на суверенитетот на ЕУ и тоа на ниту еден начин не е прифатливо“, оцени грчкиот претседател. Тој додаде дека, солидарноста „е основа врз што се темели заедничката европска структура“ и оти без тоа „Европа не може да оди напред“.

XS
SM
MD
LG