Достапни линкови

Матис: САД ја разгледуваат можноста за помош во оружје на Украина


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, Киев, 24.08.2017.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ја обвини Русија дека бара „прецртување меѓународните граници со употреба на сила“, додавајќи дека Вашингтон „активно ја разгледува“ можноста од снабдување на Украина со ново дефанзивно оружје. Матис кој како прв американски министер за одбрана во изминативе 10 години ја посети Украина исто така повтори дека САД не ја прифаќаат руската анексија на украинскиот полустров Крим. Матис вчера во Киев присуствуваше на одбележувањето на 26 годишнинатата од украинската независност од поранешниот Советски сојуз.

XS
SM
MD
LG