Достапни линкови

Утре Дачиќ и Димитров се среќаваат во Ниш


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерството за надворешни работи на Република Македонија попладнево потврди дека утре шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе има средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Ниш.

Како што соопшти МНР, средбата е закажана за 15 часот, а по нејзиното завршување е предвидена заедничка прес- конференција на двајцата министри.

До средбата доаѓа по постигнувањето договор од пет точки меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со случајот со повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Македонија.

Денеска почнува враќањето на персоналот во српската амбасада во Скопје, а амбасадорката ќе се врати на 31 август и на 1 септември ќе побара средба со премиерот Зоран Заев

XS
SM
MD
LG