Достапни линкови

Локализиран пожарот на Водно


Парк шумата Водно во Скопје

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски информираше дека пожарот што попладнево избувна на Водно е локализиран, а противпожарните единици работат на негово целосно гаснење

На терен се четири противпожарни возила и возила на ЈП „Комунална хигиена“ кои помагаат за дотур на вода.

Според Томевски, огнот зафатил површина од четири до пет илјади метри квадратни.

Пожарот избувнал околу 15:00 часот. Причините за избувнувањето се уште не се познати.

Од огнот беше зафатена ниско стеблеста шума десно од крстот на Водно, во правец на Матка.

Пожарот го пријавиле граѓани кои забележале густ чад над шумата.

XS
SM
MD
LG