Достапни линкови

Заев: Политичарите да стојат подалеку од судството


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изборот на нов државен јавен обвинител денеска изјави дека политичарите треба да стојат подалеку од судството

На прес-конференција тој соопшти дека нема информации, ниту побарал да биде информиран за работното тело при Министерството за правда кое треба да ги спроведе реформите во судството.

"Верувам дека стручни луѓе ќе ги носат на свои плеќи реформите. Ние политичарите треба да бидеме малку подалеку од тоа, освен да го држиме кормилото за конечната цел да биде независно правосудство. Верувам и дека се консултираат меѓународните организации, дека сениорската група предводена од Прибе ќе има значјно влијание во овој процес пред се преку пренесување на искуствата, но на крајот, институциите се тие што ќе носат одлуки" изајви Заев.

За односите со Србија, Заев истакна дека добриот збор и искреното пријателство ги решаваат проблемите.

Според Заев, за српскиот разузнувач Живаљевиќ и неговата изјава треба да се изјаснат самиот тој, Србија и официјалните институции.

"Ние во тој период бевме опозиција и навистина не сме имале никаков начин како да се информираме дали имало или немало дозвола од некој, рече Заев на прес-конференцијата во Владата

XS
SM
MD
LG