Достапни линкови

Вучиќ најави покана за заедничка седница на владите на Македонија и Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја известил амбасадорката на Македонија Вера Јовановска Типко дека српската премиерка Ана Брнабиќ ќе упати покана до македонскиот премиер Зоран Заев за одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава во Белград.

Тие на средбата разговарале и за што побрзо одржување на Мешовитиот комитет за економска соработка. Српскиот претседател разговарал со македонската амбасадорка и за можностите за унапредување на добрососедските односи и на традиционалните пријателски врски меѓу двете земји и нивните народи.

XS
SM
MD
LG