Достапни линкови

Матис: Русија со сила сака да ги прецрта меѓународните граници


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави денеска дека Русија се обидува да ги прецрта меѓународните граници со сила, а неговата земја е посветена на градење на капацитетите на украинските вооружени сили и дипломатските напори во решавање на конфликтот во источна Украина. Тој порача и дека активно ја разгледува можноста САД да обезбедат оружје за Украина.

Матис денеска престојува во Украина каде разговара за можноста од јакнење на американската помош на оружените сили кои три години се ангажирани во борбите против сепаратистите поддржани од Русија на истокот на Украина. Властите во Киев сакаат да го уверат Вашингтон да им испорача противвоздушна и противтенковска опрема.

XS
SM
MD
LG