Достапни линкови

Порошенко со закана за одговор на евентуална офанзива на бунтовниците


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко обраќајки се денеска на воена парада во чест на прославата на независноста на земјата изјави дека Украина е подготвена за посилен воен одговор против агресорот доколку тој продолжи со офанзивата. Со тоа Порошенко испрати порака до проруските бунтовници да не бараат начини да преземат дополнителни делови од територијата на Украина.

Но, според него, приоритет на Украина и е на мирен, дипломатски и политички начин преку владеење на правото да се вратат Донбас и Крим, кои се под контрола на сепаратистите. Порошенко порача и дека има доверба во нивните сојузници. Меѓу гостите беше и американскиот секретар Џим Матис кој е во посета на земјата и кој ќе оствари средба со Порошенко.

XS
SM
MD
LG