Достапни линкови

На местото на Зврлевски ќе биде назначен некој од неговите заменици


Основно јавно обвинителство во Скопје.

Советот на јавни обвинители денеска се очекува да назначи вршител на должноста јавен обвинител, на местото на Марко Зврлевски кој беше разрешен од функцијата. Претседателот на Советот, Петар Аневски најави дека на местото на Зврлевски ќе биде назначен некој од неговите заменици, а ќе ја извршува должноста до изборот на нов државен јавен обвинител. Владата на седницата во вторникот му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG