Достапни линкови

Трамп со посмирен тон во говорот пред ветераните


Американскиот претседател Доналд Трамп говори на митинг во Феникс, Аризона 22.08.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп го ублажи тонот и ги повика сонародниците на „ново единство“, ден по острото обраќање во кое ги нападна политичките противници и медиумите. Тој во обраќањето пред ветераните во Рино во американската држава Невада изјави дека е време да се излечат раните кои го делеа народот и да се побара ново единство засновано врз заеднички вредности кои ги обединуваат американците. „Во САД ние не сме дефинирани од бојатата на нашата кожа, бројката на нашето ливче со плата или од некојаполитичка партија, дефинирани сме од заедничката хуманост“, рече Трамп.

XS
SM
MD
LG