Достапни линкови

Рускиот амбасадор во Судан најден мртов во неговата резиденција


Картум

Рускиот амбасадор во Судан Миргајас Ширински бил пронајден мртов во неговата резиденција во главниот град на таа земја Картум, соопшти суданското министерство за внатрешни работи, без да ги наведе причините за смртта на 60 годишниот дипломат. Новинската агенција Франс прес цитира анонимен висок претставник на полицијата кој вели дека, според првичната истрага, не станувало збор за некаков криминален чин. Тој додал дека рускиот амбасадор починал додека пливал во базенот на неговата резиденција.

XS
SM
MD
LG