Достапни линкови

Дачиќ: Косово нема да биде примено во УНЕСКО


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека приемот на Косово во УНЕСКО засега не е пријавен на дневниот ред на Генералното собрание и изрази уверување дека до тоа нема ни да дојде. „Ако се пријават, гласањето би било во ноември годинава“, изјави Дачиќ за белградскиот весник „Блиц“, додавајќи: „Јас со ова прашање се занимавам континуирано. Испраќаме пратеници и сигурен сум дека тие не можат да минат за прием во УНЕСКО“.

XS
SM
MD
LG