Достапни линкови

Во Ротердам откажан концерт поради терористичка закана


илустрација

Холандската полиција во последен момент го откажа синоќешниот концерт на американската рок група „Алах лас“ во Ротердам поради поврзаност со терористичка закана. Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб изјави дека во близина на салата каде што требаше да се одржи концертот било запрено комбе со шпански регистарски таблички во кое имало повеќе плински боци. Тој додаде дека возачот на комбето бил приведен на сослушување, но одби да даде дополнителни детали за природата на предупредувањето добиено од Шпанија. Полицијата во Шпанија ги испитува минатонеделните напади со возила во кои загинаа 15 луѓе.

XS
SM
MD
LG