Достапни линкови

Вучиќ утре на средба со македонската амбасадорка во Белград


Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја прими македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска Типко. Вучиќ денеска тефонски разговараше со премиерот Зоран Заев по повлекувањето на српскиот персонал од амбасадата во Скопје. Тие ги разгледале сите аспекти на новонастанатата ситуација во рамките на односите меѓу двете држави и постигнаа взаемна согласност за пет точки и се согласија секое евентуално несогласување во меѓусебните односи да го решаваат исклучиво со дијалог.

XS
SM
MD
LG