Достапни линкови

Заев и Вучиќ со 5 точки за подобри односи меѓу Македонија и Србија


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во текот на нивниот долг и отворен телефонски разговор ги разгледале сите аспекти на новонастанатата ситуација во рамките на односите меѓу двете држави и постигнале взаемна согласност за пет точки, соопшти владината прес служба.

Според соопштението, Македонија и Србија сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи ќе ги решаваат исклучиво по пат на дијалог, при што без разлика на различните политички ставови заедно ќе се борат за сочувување, но и за унапредување на пријателските релации на двата народи. Двете земји, како што е наведено, ќе вложат уште поголеми напори за понатамошно унапредување на економските релации и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, а во согласност со прописите на меѓународното јавно право, и на добра волја и пријателска основа ќе ги заштитат интересите и правата на дипломатските и конзуларните претставништва на сопствената територија.

На крајот во соопштението се наведува дека Македонија и Србија ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниво и ќе си дадат взаемна поддршка една на друга на патот кон ЕУ и во зајакнување на добрососедските односи, што ќе придонесе кон стабилност на регионот.

XS
SM
MD
LG