Достапни линкови

Авганистанскиот претседател го повика Пакистан да го смени пристапот


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во обраќање до нацијата ја поздрави новата стратегија на САД и го повика соседен Пакистан да го смени пристапот, бидејќи нестабилен Авганистан не му оди во прилог на никого. Тој порача дека новата стратегија им оди во прилог и на Авганистан и на САД. Според него, со новата стратегија земјата има подобра идеја за иднината. Гани упати порака и до Исламабад при што истакна дека неговата Влада бара долготраен мир со Пакистан.

XS
SM
MD
LG