Достапни линкови

Во напад на талибанците во Авганистан загинаа 5 лица


Безбедносните сили на местото на нападот во авганистанската покраина Хелманд.

Најмалку 5 лица загинале, а 38 биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во јужната авганистанска покраина Хелманд. Според локалните власти, бомбашот самоубиец детонирал автомобил полн со експлозив на паркинг во близина на седиштето на полицијата во главниот град на покраината.

Во експлозијата загинале полицајци и војници кои чекале да ја подигнат својата плата, а меѓу жртвите има и жени и деца. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот, кој се случи еден ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање на повеќе американски војници во борбите во земјата.

XS
SM
MD
LG