Достапни линкови

Пронајдено торзото на исчезната шведска новинарка


Ким Вал

Торзото кое беше пронајдено во водите на Данска е идентификувано, и според полицијата, се работи за исчезната шведска новинарка Ким Вал. Нејзиното тело било пронајдено на 50 километри јужно од Копенхаген при што екстремитетите и главата, како што наведува полицијата, биле намерно отсечени.

30 годишната Вал била последен пат видена како се качува на подморницата на данскиот пронаоѓач Петер Медсен на 10 август со цел да го интервјуира. Ден подоцна новинарката беше пријавена за исчезната, а Мадсен беше спасен пред потонувањето на неговата подморница. Тој првично на властите им изјави дека Вал се симнала на остров, но потоа им посочил дека таа загинала во сообраќајна несреќа а телото и го фрлил во морето.

XS
SM
MD
LG