Достапни линкови

Тилерсон ја пофали воздржаноста на Северна Кореја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја пофали Северна Кореја поради тоа што се воздржала од провакции и оцени дека тоа би можело да овозможи да дојде до дијалог меѓу Пјонгјанг и Вашингтон. Тој прецизира дека Северна Кореја не лансирала ракета, ниту извела слични провокативни мерки откако Советот за безбедност на Обединетите нации во почетокот на август усвои резолуција против развојот на нуклеарно оружје на таа земја. Според Тилерсон, Северна Кореја покажала „степен на воздржаност кој не бил виден во минатото“.

XS
SM
MD
LG