Достапни линкови

Претседателот на Венецуела Мадуро бара помош од Русија и Ватикан


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги повика Русија и Ватикан да помогнат да се одбрани од, како што изјави, „американските воени закани“. Тој притоа најави дека наскоро ќе замине во Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, висок претставник на Ватикан во Москва изјави дека ја повикал Русија да помогне во намалување на тензиите во Венецуела каде што Мадуро се соочува со неколку месечни масовни протести поради длабоката економска криза во земјата.

XS
SM
MD
LG