Достапни линкови

Украина и Русија се согласија на нов прекин на огнот


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко предложил прекин на огнот во источна Украина на 23 август, односно на почетокот на новата училишна година што едногласно било прифатено од Русија, Германија, Франција и Соединетите држави. Предлогот беше даден синоќа за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Макрон, соопшти кабинетот на украинскиот претседател. Се оценува дека новиот прекин на огнот ќе води до потрајно подобрување на безбедносната ситуација во источна Украина.

XS
SM
MD
LG