Достапни линкови

Денеска телефонски разговор меѓу Заев и Вучиќ


Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера потврди дека денеска телефонски ќе разговара со македонскиот премиер Зоран Заев за актуелната состојба и за можностите за идна соработка. Тој во гостувањето на централниот Дневник на РТС оцени дека нема причина за паника кога станува збор за односите меѓу Србија и Македонија по повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје, бидејќи, како што рече, „никој не сака никакви судири“. „Ние мораме да ја чуваме нашата држава, образот на Србија“, изјави тој, најавувајќи дека во сепетмври сите службеници во амбасадата ќе се вратат во Скопје. Вучиќ порано рече дека амбасадорката и персоналот биле повикани во Белград поради информации за „многу офанзивно разузнавачко дејствување против органите и институциите на Србија“.

XS
SM
MD
LG