Достапни линкови

САД воведе нови санкции против руски и кинески компании


Илустрација - Знамето на САД.

САД воведоа нови санкции против кинески и руски компании и поединци, обвинувајќи ги дека му помагаат на режимот на Северна Кореја и неговата нуклеарна програма. Новите мерки Министерството за финансии на САД ги објави денеска, велејќи оти казните се наметнати за понатамошно изолирање на Пјонгјанг.

Листата вклучува шест кинески компании, руска компанија и четири руски лица, како и градежна компанија со седиште во Африја и две компании со седиште во Сингапур за наводно продавање на нафта во Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG