Достапни линкови

Иран ќе се држи до нуклеарниот договор, но не по секоја цена


Шефот на иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи.

Шефот на иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи изјави дека на земјата и се потребни само пет дена да продолжи со збогатувањето ураниум. Неговиот коментар доаѓа по обвинувањата од американските власти дека Техеран не го почитува духот на нуклеарниот договор со светските сили постигнат во 2015 година.

Иран го обвинува Вашингтон за прекршување на договорот со усвојувањето на нови санкции врз земјата поради нејзината нуклеарна програма. Според Салехи, приоритет на Иран е да се одржи нуклеарниот договор, но не по секоја цена.

XS
SM
MD
LG