Достапни линкови

Во земјотрес на остров во Италија загинаа две жени


Спасувачките екипи со повредено дете од земјотресот во Италија.

Италијанските спасувачки екипи се обидуваат да стигнат до две деца кои се заробени под урнатините по земјотресот кој го погоди островот Искија кој се наоѓа близу Неаопол. Најмалку две жени загинаа, а дестина лица беа повредени кога земјотресот со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала го погоди островот при што се урнаа неколку згради. Двете деца кои се на возраст од 7 и 11 години се заробени под урнатините на нивниот дом во градот Ла Рита.

XS
SM
MD
LG