Достапни линкови

Русија го исплатила последниот долг од Советскиот Сојуз


Банкноти на долари и евра. Илустрација.

Руските власти соопштија дека го исплатиле и последниот долг на земјата наследен од Советскиот Сојуз. Министерството за финансии наведе дека властите платиле 125 милиони долари на Босна и Херцеговина како резултат на трговскиот договор кој земјата го имала со Советскиот сојуз во рамките на Југославија. Според министерството, долгот на БиХ е последниот кој земјата треба да го исплати по распадот на Советскиот Сојуз. Русија и БиХ го потпишале договорот во март, годинава.

XS
SM
MD
LG