Достапни линкови

Ердоган бара поинтензива соработка меѓу муслиманските земји


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика муслиманските земји да ја зајакнат меѓусебната соработка. Тој ова го реше за време на неговата посета на Аман, каде што пристигна по повод 70-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Турција и Јордан. Ердоган, кој учествуваше на состанокот на делегациите од двете земји, нагласи дека исламскиот свет во моментов се соочува со тешки времиња. Претходно Ердоган се состана со јорданскиот крал Абдула Втори, со кого разговараше за ситуацијата во Ерусалим. „Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме улогата на Јордан во зачувувањето на муслиманските светилишта во Ерусалим“, истакна турскиот претседател.

XS
SM
MD
LG