Достапни линкови

САД и Русија со „свежи идеи“ за крај на конфликтот во Украина


Владислав Сурков и Курт Волкер

Американскиот пратеник за Украина Курт Волкер се сретна со неговиот руски колега Владислав Сурков зад затворена врата во Минск, главниот град на Белорусија. „Состанокот беше корисен и конструктивен“, оцени Сурков, додавајќи дека двете страни предложиле свежи идеи и нови пристапи за имплементирање на миросвниот договор од Минск. Сурков изјави дека тој и Волкер се согласиле оти сегашната ситуација во Украина е неприфатлива и дека се согласиле околу заживувањето на мировниот процес. Волкер по средбата со Сурков не даде никаков коментар.

XS
SM
MD
LG